Дотрајаниот и стар хотелски комплекс Сарај е комплетно реконструиран И пренаменет во универзитет од светски рамки, за кој беше потребна комплетна реконструкција на стариот објект.
Комплетна демонтажа на старите прзори, врати, санитарии, кровна покривка и слично. Објектот беше комплетно демонтиран и расчистен, со рушење на некои преградни ѕидови и изведба на нови ја поставивме крајната основа И распоредот на просториите на денешниот изглед на универзитетот, со поставувањето на новите прозори, санацијата на фасадата И комплетно новата кровна покривка И конструкција го добивме новиот надворешен изглед, во внетрешноста на комплексот се изведе комплетно нова кујана, санитарни јазли И други помошни простории.
При изведба на комплексот ги опфативме сите позиции од областа на градежништвото, подополагачки работи, ѕидарски, ќерамичарски, инсталатерски, молерофарбарски, гипскартонски И браварски работи. Оградувањето на објектот со ограда од ковано железо и бетонски парапет го завршивме и заокруживме комплексот Сарај - New York Универзитет во Скопје.